Ресен повеќе не е „заштитна зона“, регистриран е првиот случај на ковид-19

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случа.

• Скопје 1461, активни 844
• Куманово 573, активни 155
• Дебар 53, активни 2
• Штип 225, активни 186
• Прилеп 220, активни 26
• Тетово 312, активни 145
• Струга 109, активни 34
• Велес 145, активни 27
• Битола 30, активни 3
• Охрид 45, активни 28
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 52, активни 30
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 4, активни 2
• Ресен 1, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Денеска, 10 јуни, се регистрирани 7 смртни случаи во државава, со што се бележи вториот најсмртен ден од почетокот на кризата со Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Слични содржини