Ресенчанец пријавил дека сопругата со нејзината мајка ги нападнале баба му и девојка му

од Берта Китинска

На 25.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Ресен, 35-годишен жител на ресенско село пријавил дека околу 14.00 часот дошла неговата сопруга Д.Н.(31), со која се во бракоразводна постапка, заедно со нејзината мајка и физички ги нападнале баба му и неговата девојка, по што Д.Н. се обидела со нож да го повреди него. Полициски службеници излегле на местото и од Д.Н. бил одземен ножот, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини