Решено е убиството на поранешниот шведски премиер Олоф Палме?

од Nikola Popovski

Шведските иследници веруваат дека го решиле убиството на поранешниот премиер, Олоф Палме, кој беше убиен пред 34 години во центарот на Стокхолм.

Истражниот лидер Кристер Петерсон изјави дека верува оти наскоро ќе може да каже што се случило тогаш и кој е одговорен за убиството на премиерот.

„Мојата цел е да ги објавам резултатите од истрагата во првата половина од оваа година. Јас сум оптимист. Работевме напорно и веруваме дека наидовме на решение“, рече Петерсон за шведската телевизија СВТ, пренесува АП.

На прашањето директно дали тој и неговиот тим сега се многу поблиски до решавање на случајот, тој рече да.

„Според мое мислење, ние сме“, рече Петерсон, но тој одби барем да укаже кој е одговорен за убиството на Палме.

Палме беше убиен на 28 февруари 1986 година, кога тој и неговата сопруга излегоа од кино во центарот на Стокхолм. Локален криминалец беше осуден за убиството, идентификуван од сопругата на Палме, но таа пресуда подоцна беше поништена и случајот останува нерешен до денес.

Слични содржини