Ресман: На демократија и треба самодоверба и самокритичност во борбата против пропагандата

од Vladimir Zorba

„Проблемите со пропагандата, но и демократијата во Северна Македонија ги имаат и земјите од источното партнерство во проектот Медиумски дијалог. Тоа беше основата за започнување на проект со поддршка на Владата на Северна Рајна-Вестфалија“, изјави Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог за Цивил Медиа, по повод меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во организација на ЦИВИЛ во партнерство со Youth4Media (Y4M).

„Слоганот Don’t feed the flames tell the truth“ значи борба против пропагандата во форма и насочено кон кажување на вистината, која и да е, но со двојна проверка на фактите, што треба да ги спои студентите и професионалните новинари, да придонесе во едукација на универзитетите и да ги спои уметниците, затоа што тие се навистина важни за пренесување на пораката и ставовите. Оваа мрежа е меѓународна од Украина, Белорусија, Арменија, Грузија, како и Молдавија. Сега ја имаме и Северна Македонија и мислам дека оваа комбинација е одлична да ги споделиме нашите искуства и да покажеме дека, како и во Германија, така и овде луѓето се борат за демократија и се поддржани од млади луѓе, медиумски организации и дека навистина работиме вмрежено“, вели д-р Ресман за зборувајќи за проектот Медиумски дијалог.

Слични содржини