Ресторан во Тунис направи пица со злато (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Италијанскиот ресторан L’antica Pizzeria DaPietro во Тунис направи пица од злато и тартуфи, за која тврди дека е најскапа во Африка.

Пицата, која се наоѓа на менито на овој ресторан и се продава за 360 американски долари, е покриена со златни лисја од 24 карати, а може да содржи крем од тартуф, моцарела сирење и димени гради од патка. Пицата е украсена со златни лисја, цвеќиња за јадење и попрскана со златен прав.

Со додавање на ова луксузно јадење во своето мени, сопственикот на ресторанот Ахмед Хергал сакаше да го сруши рекордот за најскапа пица во Африка.

Сепак, многу луѓе ја коментираа цената на социјалните мрежи.

„Зошто правите толку скапа пица додека живеете во земја што минува низ криза“, се само некои од коментарите.

Хергал рече дека оваа пица не е за секого, дека е дел од услугата наменета за специјални клиенти и дека главно е наменета за луѓе кои доаѓаат од странство или домашни гости, кои ја сакаат.

Слични содржини