Рестован компир со млад кромид (посно)

од desk2

Овој прилог оди со секакви сосови или месо. Се подготвува едноставно.

Состојки
500гр компири
5-6 корени млад кромид
50 мл масло
сол по потреба
бибер по потреба

Подготовка
Во еден сад со вода се ставаат компирите неизлупени да се варат.
Младиот кромид ситно се сецка и се дели белиот дел и зелениот дел.
На малку масло се става прво белиот дел од младиот кромид да се пржи. Кога ќе се испржи се става и зелениот дел.
Компирите се лупат се сецкаат на коцки и се додаваат во кромидот.
Се посолува по вкус и се додава бибер.
Овој рецепт е прилог за со секаков вид на месо и е за љубителите на младо кромидче.

Слични содржини