Рестриктивни мерки од 22 часот, предлага Комисијата за заразни болести

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата да се воведат рестриктивни мерки од 22 часот, дознаваме од наши извори.

Вчера беа регистрирани рекорден број на новозаразени лица.

317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се 104 оздравени пациенти.

Денеска, со почеток во 14:30 часот,министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче  ќе и се обрати на јавноста информирајќи ја  во врска со новонастаната ситуација.

Надлежните и натаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои вклучуваат носење заштитна маска, држење дистанца, избегнување групирања и миење или дезинфекција на рацете.

Слични содржини