Рестриктивни мерки во Москва сè додека не пристигне вакцината

од Stefanija Kuzmanovska

Рестриктивните мерки, воведени за време на пандемијата од коронавирус, ќе останат во сила во Москва додека не се подготви вакцината, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин, пренесува ТАСС.


„Се плашам дека рестриктивните мерки ќе траат долго и ќе бидат на сила се додека не ја добиеме вакцината“, рече тој за каналот „Русија 24“.

Собјанин истакна дека жителите на Москва нема да живеат затворено засекогаш, но мора да живеат нормално – работа, комуникација, прошетки, но аксиомата мора да биде рестриктивни мерки.

Бројот на загинати од коронавирусот во Русија денес е 174, исто како и во вторникот, додека 161 лице почина во средата.

Од почетокот на епидемијата, во Русија умреле 4.142 лица, што е 1,09 проценти од сите заразени.

Слични содржини