Ретрограден Марс: Овие три хороскопски знаци мора посебно да внимаваат

од Stefanija Kuzmanovska

Во периодот од 30 октомври 2022 година до 12 јануари 2023 година, Марс е во ретроградна фаза. Планетата е одговорна за технологијата, комуникациите, когнитивната функција на мозокот и неколку основни аспекти на нашиот секојдневен живот.

Според астролозите, во овој период, ние мора да внимаваме какви одлуки носиме, бидејќи тие можат негативно да влијаат на нашите понатамошни активности и односи.

Овие три хороскопски знаци мора посебно да внимаваат:

Бик

Избегнувајте конфронтации и семејни конфликти. Ако нешто ве иритира и не можете да се спротивставите на своето незадоволство, почекајте го ретроградниот период на Марс. Не донесувајте избрзани одлуки, особено за домот, како што се отпочнување на непредвидливи поправки или преселување во нов дом.

Близнаци

Размислете за сè пред да зборувате. Ќе имате проблем за комуникација, не се расприкажувајте за време на Ретрограден Марс или не помислувајте да озборувате. Проверете ја вашата е-пошта неколку пати пред да ја испратите. Обидете се да бидете повеќе стрпливи за време на преговорите и разговорите со роднините и пријателите.

Скорпија

Не вложувајте сериозни промени во развојот на кариерата – на пример, напуштање на работата или префрлување на друга. Ако сте невработени и одите на интервју, подобро е да не ги прифаќате понудите. Кога потпишувате документи, прочитајте сè многу добро и не брзајте за да не бидете измамени.

Слични содржини