Ретроспективната изложба „Локалитет бр. 5“ во Стоби

од Vladimir Zorba

Ретроспективната изложба насловена „Локалитет бр. 5“ на уметникот Љубомир Милошески од Струга ќе биде отворена попладнево во археолошкиот локалитет „Стоби“.

Изложбата претставува заокружување на 20-годишното творештво на авторот во земјава и надвор од неа.

Како што соопштува националната установа „Стоби“, станува збор за исклучително специфичен израз, актуелен на светската ликовна сцена во поново време и вклучува уметничка инсталација, скулптура и фото принтови.

-Публиката ќе има можност во реално време да види содржини во рамки на визуелната уметност кои се случувале кај нас многу порано. За жал, досега не била пракса светските ликовни практики да бидат запазени во јадрото на нашата држава, информира „Стоби“.

Изложбата „Локалитет бр. 5“, како што се наведува во соопштението, е дискурс за веќе создаденото од Бога, или анализа на досега создадените дела кои сè уште се дефинираат на патот од различни мислења и толкувања. Она што ќе биде поставено на постамент, според организаторите, е она смелото во нас да се издигниме над сè, над нашето секојдневие, она кое заслужува внимание.

Слични содржини