Рецепт: Бисквити со цимет

од Vladimir Zorba

Послужете бисквити со цимет со кафе или чај.

Состојки:

– 150 гр путер

– 60 гр шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 2 лажички цимет

– 1 јајце и 1 белка

– 300 гр брашно

– 1/2 лажичка прашок за пециво

За обложување:

– 1 жолчка од јајце

– 1 лажичка млеко

– 1/2 лажичка цимет

– 1 лажица кафеав шеќер

Подготовка:

Соединете ги сите состојки за тестото и измешајте за да добиете мазна смеса.

Завиткајте во фолија и оставете 20 минути на ладно.

Додека тестото мирува, подгответе два плеха обложени со хартија за печење и калапи по желба.

На набрашнета површина развлечете го тестото до дебелина од половина сантиметар.

Со калапите вадете ги саканите форми и ставете ги во плеховите.

Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.

Бисквитот премачкајте го со мешавина од жолчка, шеќер, млеко и цимет и печете околу 10 минути.

Кога ќе се изладат, ставете ги во кутија за колачиња.

Добар апетит!

Слични содржини