Рецепт: Домашна паштета од ореви

од Vladimir Zorba

Намаз од ореви и урда, има фантастичен вкус и лесно се подготвува,

Состојки:

– 50 гр мелени ореви

– 150 гр урда

– 1 чешне лук

– пар гранчиња јаглика

– по вкус бибер и сол

– малку мелен рузмарин

– 1 лажичка сок од лимон (по избор)

Подготовка:

Во урдата додадете мелени ореви, ситно сечкан магдонос, малку мелен рузмарин и сечкан лук. Мешајте додека убаво не се соединат сите состојки.

Посолете ја паштетата и бибер по вкус. По желба закиселете со сок од лимон, промешајте уште еднаш, декорирајте (по желба) и послужете.

Пријатно!

Слични содржини