Рецепт: Мафини од тиквички

од Vladimir Zorba

Одлични мафини за љубителите на тиквички.

Состојки:

(12 мафини)

– 2 помали тиквички

– малку сол

– 2 јајца

– 1 прашок за пециво

– 180 мл јогурт

– 4 лажици масло

– 2 чаши остро брашно (шолја = 180 мл)

Подготовка:

Излупете ги тиквичките, изрендајте ги, посолете и оставете ги 10 минути.

Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее.

Јајцата се матат со јогуртот, брашното и маслото и се додаваат тиквичките, не се цеди, се убаво се соединува и се полнат калапи за мафини.

Печете ги 30 минути на 200 степени.

Ако сакате, можете да додадете малку зачини и пармезан во смесата.

Ако тиквичката е поголема и има семки, задолжително извадете го средишниот дел, изрендајте ја и мора добро да ја исцедите за од влагата при печењето да не се направи лепливо тесто во средината.

Подолго печење нема да може да ја исуши и да ја испече таа влажна средина.

За интегралната верзија користете мешавина од спел, овес и брашно од хељда.

Пријатно!

Слични содржини