Рецепт: Мрзлива пита со јаболка

од Vladimir Zorba

Вкусен рецепт, познат на нашите простори…

Состојки:

– 2 јајца
– 100 гр свинска маст
– 10 гр прашок за пециво
– 100 мл млеко
– 15 лажици шеќер
– 18 лажици брашно
– рендана кора од половина лимон
– 500 гр излупени и рендани јаболка
– 3 лажици мелени ореви
– една лажичка цимет во прав
– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во голема тава ставете јаболка и 5 лажици шеќер и динстајте ги додека не омекнат и не го испуштат вишокот течност. На крај се додаваат оревите и циметот, се промешува, па се трга од оган да се излади масата.

Тавата за печење подмачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.

Во сад за матење со миксер се матат јајцата, маснотијата и остатокот од шеќерот, па се додаваат млекото, брашното и ренданата кора од лимон. Ставете го сето тоа заедно.

Во подготвената тава истурете половина од масата и печете во рерна на 200 степени десетина минути. Кога ќе го извадите плехот, врз испечената кора распоредете го подготвениот фил од јаболка, а над филот со остатокот од тестото.

Вратете се во рерна и печете уште 25-30 минути. Кога ќе се испече мрзливата пита, извадете ја и оставете ја да се излади.

Потоа посипете со шеќер во прав.

Пријатно!

Слични содржини