Рецепт: Печени компири со фета и сумак

од Vladimir Zorba

Вкусот ќе ве воодушеви

Состојки:

4 компири
3 лажици маслиново масло
1 прстофат сол
1 чешне лук

Полнење:

150 гр фета сирење
2 лажици павлака или кајмак
малку *сумак
свеж магдонос

Подготовка:

Добро измијте ги и исушете ги компирите. Избоцкајте со вилушка, па ставете го во плех. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 60 минути. Измешајте маслиново масло, ситно изрендан лук и малку сол. Извадете ги компирите, исечете длабок Х, а во исечениот дел ставете го подготвеното маслиново масло.

Со него премачкајте го целиот компир, па вратете во рерна уште 10 минути. Додека се печат компирот, соединете ги фета сирењето и павлаката (или кајмакот). Извадете ги компирите, внимателно раширете го исечениот дел, па ставете го филот со сирење.

Посипете со сумак и свеж магдонос.

Пријатно!

* Сумакот е растение чии плодови се црвени бобинки, кои се сушат и мелат – и се користат како зачин. Често се користи за подготовка на храна типична за Блискиот Исток.

Слични содржини