[РЕЦЕПТ] Пилешки ќофтиња

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г пилешки гради
1 чаша лебни трошки
1 главица кромид
2 јајца
½ врска свеж магдонос
2-3 лажички бибер, мелен
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка сол
¼ чаша масло666d5d2de96af2b9c56bba47b70f5d8c

Подготовка:
Сварете ги пилешките гради. Со помош на миксер, блендер или кујнски робот, сомелете го месото.

Измешајте го добиеното пилешко мелено месо со трошките. Додадете го остатокот производи и зачини. Измешајте добро, за да се измешаат убаво производите. Оформете ќофтиња од смесата со големина по желба. Пржете во загреано масло.

Послужете ги ќофтињата посипани со свеж магдонос.

Слични содржини