Рецепт: Пилешко во сос од јогурт, сенф и куркума

од Vladimir Zorba

Пилешко во малку лут сос од јогурт, сенф и куркума.

Состојки:

– 400 гр пилешко бело месо

– 200 мл јогурт

– 1 лажичка лут сенф

– малку сол и бибер

– 1 кафена лажичка куркума

– коријандер

– магдонос

Подготовка:

Пилешкото се сече на коцки и се пржи во тава без маснотии. Повремено промешајте ја тавата за пилешкото да се испече рамномерно од сите страни.

Додадете јогурт, сенф, сол и бибер, потоа куркума и коријандер, измешајте, па динстајте на умерена температура додека не испари целата течност, уште околу пет минути.

Кон крајот на јадењето посипете со сечкан магдонос.

Ова вкусно пилешко може да го послужите со ориз.

Пријатно!

Слични содржини