Рецепт: Смути од тиква и зачини

од Vladimir Zorba

Чоколадо, тиква и зачини – одлична комбинација за вкусен почеток на денот.

Состојки:

– 200 гр пире од тиква

– 800 мл млеко

– 100 гр бело чоколадо

– 1 ванилин шеќер

– 1/2 лажичка цимет

– малку ѓумбир

– малку морско оревче

– каранфилче

Подготовка:

Чоколадото искршете го на коцки. Ставете го млекото да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од шпорет и додадете ги коцките чоколадо мешајќи додека не се растопат.

Потоа додадете ванилин шеќер и зачини, измешајте. Уште топло се става во блендер заедно со пирето од тиква и се меша.

Напивката можете да ја посипете со цимет и да ја послужите топла или ладна по желба.

Пријатно!

Слични содржини