[РЕЦЕПТ] Телешко месо со сос од печурки и плаво сирење

од Vladimir Zorba

Состојки:
Масло за готвење
500 г телешко месо
250 г печурки, исечени на кришки
1 голема главица кромид, исечкана на тенко
¼ чаша оцет
1 чаша готов сос за маринада
½ чаша рендано сино сирење
Подготовка:
Испрскајте ја тавата со масло. Загрејте на средна температура за околу една минута. Во тавата испржете го месото по неколку минути од секоја страна. Отстранете од огнот и истурете го маслото од тавата.

Намалете го шпоретот. Ставете ги печурките и кромидот во тавата и пржете околу 5 минути додека зеленчукот не омекне. Промешувајте постојано. Додаде го сосот маринада и оцетот во тавата. Оставете додека зоврие. Вратете го месото во тава и мешајте. Конечно додадете го и сирењето. Како што ќе се стопи извадете од топлина и сервирајте топло.

Слични содржини