Рецепт за брза салата со тестенини и авокадо

од desk4

Без разлика кој период од годината е, лесната салата е секогаш одличен избор за вкусен и лесен оброк.

Потребни состојки:

Една краставица
Едно авокадо
Една шолја сварена пченка
150 гр сварени ситни макарони
200 гр фета
3 лажици кисела павлака
Малку јогурт
Една лажица мајонез
Сол, бибер, сушен босилек

Подготовка:

Исечкајте ги краставицата и авокадото, додадете ги во садот со макароните, а потоа додадете ја и пченката и измешајте. Фета сирењето испасирајте го, измешајте го со павлаката, јогуртот и мајонезот и прелијте врз салатата. Зачинете по желба.

Слични содржини