Рецепт за леб без квасец

Дури и доколку никогаш не сте печеле леп, овие денови веројатно ви паднало на памет дека би било добро да најдете некој едноставен рецепт.

Овој рецепт е идеален доколку немате квасец, а ни време

Состојки:

500 гр обично брашно
2 лажици прашок за печиво
1 лажичка сол
310 мл млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Ставете го плехот за печење внатре да се згрее.

Измешајте ги сувите состојки. Додадете го млекото и мешајте (овој дек е полесен да го направите со раце).

Ставете го тестото на рамна површина и месите.

Обликувајте го тестото во округол диск со дебелина од три центиметри. Немојте да обликувате кугла бидејќи средината ќе ви остане непечена.

Печите околу 35 минути, додека лебот не добие светлокафена боја.

Слични содржини