РЕЦЕПТИ за топли пијалоци: Загрејте се оваа зима со варено вино, варен џин или вкусен пунч

од Vladimir Zorba

Кога температурата надвор ќе се приближи до нула, време е да се загреете, покрај со облека, со топли напитоци.

За ова, вареното вино, пунчот или омилениот, меѓу дамите, алкохолен пијалок – џин – секогаш се идеален избор.

Проверете ги рецептите за овие готвени пијалоци подолу и направете си на вас, или вашето друштво, пријатна зимска миризлива атмосфера.

Греено црвено вино

Состојки:

2 шишиња црвено вино
2 мандарини
зелен лимон
300 гр шеќер
6 каранфилчиња
стапче цимет
стапче ванила
3 ловорови листови
индиски орев
2 ѕвездички анасон

Подготовка:

Во тенџерето ставете шеќер, кора и сок од зелениот лимон и мандарините. Додадете ги сите зачини. Посипете со вино колку да го покрие шеќерот и варете додека смесата не стане густа.

По околу десет минути додадете го остатокот од виното.

Секогаш можете да експериментирате со зачините во варено вино, па во тенџерето со црвено вино можете да додадете исечен портокал, цимет, анасон, мед, но и шолја силен црн чај (Earl Grey) и малку темен рум.

Бело варено вино

Состојки:

Литар бело вино (на пр. Шардоне)
1 и пол шолја сок од јаболко
третина од шолја мед и третина од чаша суво грозје
исечен портокал
исечено јаболко
4 стапчиња цимет
стапче од ванила
лажица кардамон
лажичка каранфилче
лажичка ѓумбир

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во подлабоко тавче, тенџере или бокал и се варат околу 15 минути.

Варен џин

Состојки:

25 милилитри џин
200 милилитри сок од јаболко
лажичка мед, цимет, каранфилче, ѓумбир, ѕвезда анасон

Подготовка:

Загрејте 200 милилитри природен сок од јаболко со лажичка мед и додадете зачини по желба, како што се цимет, каранфилче, ѓумбир и/или анасон. Кога ќе зоврие, изгаснете го пламенот.

Во оваа смеса истурете 25 милилитри од омилениот џин.

Ако имате јаболко, исечете го на прстени и додадете неколку парчиња и послужете додека е топло.

Додадете лимон за декорација.

Пунч

Состојки:

0,5 литри црвено вино
2 децилитри црн чај
2 децилитри рум
1 стапче цимет
1 ванилин шеќер
200 гр кафеав шеќер
5 каранфилче
1 портокал
2 децилитри вода
мед по желба

Подготовка:

Направете 2 децилитри црн чај (не оставајте го натопен во топла вода повеќе од 2 минути). Се ставаат виното, румот и водата да се загреат и се додаваат циметот, ванилиниот шеќер, парчињата портокал и каранфилчето.

Кога добро ќе се загрее, додадете црн чај внатре.

Процедете и додадете мед по желба.

Слични содржини