Револверот со кој се уби Ван Гог продаден на аукција за 130.000 долари

од Vladimir Zorba

Револверот, за кој се верува дека холандскиот сликар Винсент ван Гог го користел за самоубиството, беше продаден денеска за околу 130.000 долари на аукција во Париз.

Купувачот чие име не беше објавено купи револвер од 7мм по оваа цена, плус данок.

Оружјето беше откриено во 1960-тите на полиња во северното француско село Овер Сир Оаз. Се верува дека Ван Гог на тоа место се застрелал во градите во 1890 година.

Слични содржини