Резултати од обдукцијата: Убиецот од Цетиње бил погоден со пет куршуми

од Берта Китинска

Обдукцискиот извештај на телото на Вук Бориловиќ (34), кој уби 10 лица во Цетиње, потврди дека се здобил со повреди од пет куршуми, но се уште не се знае дали го убил полицaецот или сограѓанинот Ненад Калуѓеровиќ, пишува порталот „Вијести“.

Ова произлегува од одговорот на Вишото државно обвинителство во Подгорица, од кое за „Вијести“ објаснуваат дека се уште не им се доставени обдукциските наоди на телата на 10 жртви на Бориловиќ.

Извештајот од обдукцијата на телото на Бориловиќ е доставен до обвинителот во петокот на 19 август, седум дена по трагедијата во Цетиње.

Слични содржини