Ријана за 30 секунди го урна Интернетот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

До долгоочекуваниот настап на Ријана на Супер Боул останува само еден месец. Ова воедно ќе биде нејзино големо враќање бидејќи последниот албум го издаде во 2016 година, а во меѓувреме со своите обожаватели сподели само неколку синглови.

Паузата од музиката популарната РиРи ја искористи за да се посвети на приватниот живот, па пред неколку месеци со партнерот АСАП Роки го доби своето прво дете.

Сега на Инстаграм објави видео од 30 секунди за нејзиниот настап на Субербоул, а судејќи по првите реакции, нејзините фанови едвај го чекаат овој музичко-сценски спектакл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Во видеото, Ријана шета во жолта бунда, додека во позадина наизменично се слушаат коментари за неа кои често можеа да се слушнат во последните неколку години: „Поминаа повеќе од 6 години од нејзиниот последен албум“, „Каде отиде Ријана“, „Дали е ова крај на нејзината кариера“…

На крајот од видеото, Ријана мистериозно го става показалецот на уста, порачувајќи им на сите дека дошол нејзиниот момент.

Слични содржини