Рибар пронашол мртво тело на брегот на реката Вардар

од Берта Китинска

Рибари вчера околу 13.30 часот во полиција пријавиле дека на место познато како „Грнчкишки лаки”, на брегот на реката Вардар кај поранешната Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес”, пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, полицијата извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Слични содржини