Ричард Бренсон има план за обнова на Карибите по Ирма

од desk2

Ураганот Ирма нанесе огромни штети на американско тло и на островите. Ирма ги уништи и Карибите, каде уништи многу билки, поради што нивната боја е сменета.


За да се санира штетата и островите Барбуда и Антигва да се обноват, ќе биде потребно да се вложат 300 милиони долари.

Милијардерот Ричард Бренсон, чиј приватен остров во поголем дел е уништен, сака да помогне.
„Одам на Девствените острови од Порторико да ја оценам ситуацијата, да се сретнам со властите и да им пружам помош“, напиша тој на својот блог.

Бренсон од ураганот се сокри во својот вински подрум, а неколку дена веќе се труди да помогне. Тој по пат на социјалните мрежи ги повика пријателите да донираат пари за семејствата кои останаа без своите домови.
Во последната објава Бренсон наведе дека очекува состанок со надлежните во таа област за да се утврди како може да се помогне.

„Многу може да се направи. Во моментот се обидуваме да обезбедиме храна, вода и помош “.
„Постои страв од ширење граѓански немири, па ги повикувам сите да бидат мирни, да пронајдат сигурност и да си помогнат едни на други“.

Освен тоа, потребно е да се обнови островот, за што, како што наведува милијардерот, потребен е Маршалов план.

„Тоа подразбира и поголема отпорност на градбите затоа што голема е веројатноста дека вакви налети на урагани ќе зачестат поради климатските промени“.

Слични содржини