Ридли Скот: Сценариото за „Гладијатор 2“ веќе е напишано

од Vladimir Zorba

Ќе се снима продолжение на филмот „Гладијатор“, пренесе Independent.

„Веќе го имам завршено сценариото за да го продолжам филмот. Штом ќе завршам со работата на филмот „Китбег“, се фрлам на снимање на „Гладијатор 2“, изјави режисерот Ридли Скот за западните медиуми.

„Гладијатор 2“ ќе биде продолжение на филмскиот хит од 2000 година со Расел Кроу, во кој глумеше генералот Максимус Десиди Меридио, пријател на императорот Маркус Аурелио, кој е предаден и убиен од неговиот амбициозен син Комодус.

Инаку, филмот Гладијатор освои пет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.
Ридли Скот не сака да открие детали за продолжението на култниот филм, кое се најавува со години.

Според медиумите, дејството треба да се случи дваесет години по настаните во оригиналниот филм.

Слични содржини