Риека: Прекинале кабел за одржување во живот на пациенти со КОВИД-19

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници во Риека, во соработка со Службата за општ криминал на полициската управа на Приморје-Горски Котар, спроведоа кривична истрага против 34-годишен хрватски државјанин и 29-годишен косовски државјанин.

За време на кривичната истрага утврдено е дека на 7 декември 2020 година, околу 3 часот во кругот на медицинската установа во Риека, на улицата Кречимирова, споменатите лица украле електричен кабел за напојување, што истовремено спречило непречено напојување на уредите инсталирани во Ковид Центарот со што биле загрозени животите на пациенти заболени од ковид 19, пишува порталот „Морски“.

Со навремено пријавување и брза интервенција од припадниците на единицата за интервенција на полицијата во Риека, сторителите биле пронајдени и уапсени набргу по пријавата.

По завршувањето на кривичната истрага, поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба и загрозување на живот, осомничените се предадени во притвор со кривична пријава до релевантното државно правобранителство.

Слични содржини