Ријана ја прослави рекордната продажба на парфеми на необичен начин (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Минатата недела, првиот парфем на Ријана „Fenty“ излезе на пазарот и се продаде за рекордно време. Пејачката го прослави својот нов деловен успех со луксузен појадок, а наскоро ги почести своите најблиски на прослава во Њујорк.

Во август оваа година, Ријана беше прогласена за милијардерка. Според Форбс, нејзиното богатство се проценува на околу 1,2 милијарди фунти, што благодарение на компаниите во „Fenty Beauty“ и „Savage x Fenty“, ја прави најбогатата пејачка на планетата.

Таа неодамна објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде јаде кавијар од сребрен послужавник во кревет. Имено, на овој начин, таа го прослави својот последен деловен потфат, лансирањето на нејзиниот прв парфем „Fenty“, кој се продаде за само неколку часа.

„Вака се разбудив откако парфемот Fenty се распродаде утрово“, напиша Ријана во описот на фотографијата, која набрзо собра повеќе од 5 милиони лајкови.

Слични содржини