Ријана купила респиратор за нејзиниот татко, бил заразен со коронавирус

од Vladimir Zorba

Пејачката Ријана купила респиратор и го испратила кај нејзиниот татко откако дознала дека е позитивен за коронавирус.

„Mојата ќерка секој ден ме проверуваше. Искрено, мислев дека ќе умрам. Морам да кажам, многу те сакам, Робин“, изјави таткото на Ријана, Роналд за „Сан“.

Иако респираторот пристигна во неговата куќа во Барбадос, тој не мора да го користи. По 14 дена тој беше пуштен од центарот заизолација затоа што целосно се опорави.

Досега во Барбадос се пријавени три смртни случаи од коронавирус, при што Роналд бил еден од ретките заразени.

Клара Лионел, Фондацијата на Ријана, објави дека ќе донира 5 милиони долари за да помогне во борбата против коронавирусот.

Слични содржини