Ријана ненамерно ги навреди муслиманите со песна, па им се извини

од Aleksandar Petrovski

Пејачката и дизајнерка Ријана им се извини на своите обожаватели муслимани, затоа што во своето интернет-шоу беше употребена навредлива песна.

Се работи за нумерата „Doom“ на лондонскиот продуцент Куку Клои. Песната се наоѓа на официјалниот саундтрак на шоуто, но меѓу другото, таа вклучува и верски исламски стихови, поточно – „ремикс“ на прераскажувањето на Хадит на зборовите на пророкот Мухамед за крајот на времето и судниот ден. Тоа, многу муслимани – следачи на дизајнерката, го оценија како навредливо.

„Би сакала да им се заблагодарам на муслиманите што укажаа на огромниот превид што ненамерно се случи, и беше навредлив, во нашето шоу ‘Севиџ икс Фенти’. И, што е уште поважно, сакам да Ви се извинам за оваа чесна, а сепак невнимателна грешка. Ние разбираме дека повредивме многу од нашите браќа и сестри муслимани, и тоа многу ме погоди во срце! Благодарам за Вашата прошка и за разбирањето“, напиша Ријана на Инстаграм.

Видеото со песната беше тргнато.

Слични содржини