Рикардо: Ако се претставиме добро на квалификациите, Рено ќе има шанса за подиумот

од Aleksandar Petrovski

Возачот на Рено, Даниел Рикардо ги сумираше резултатите од денешните тренинзи пред Големата награда на Русија и го сподели своето мислење за шансите на тимот да се искачи на подиумот.

– Веројатно денес за прв пат успеав навистина да се вклучам на оваа патека. Работите се добри. Мислам дека веќе утрово можев да се вклучам и после тоа одржував одлично темпо во текот на целиот ден. Па да, среќен сум со уште еден убав петок.

Прерано е да се зборува за шансите на подиумот. Ако се претставиме добро на квалификациите – тогаш да, секако, ќе бидам сигурен дека имаме шанси. Јазот од конкурентите е неколку десетини од секундата, па сигурен сум дека утре ќе се соочиме со вистинска битка. Борбата ќе биде тешка, но убеден сум дека можеме до висок пласман, изјави Рикардо.

Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Русија ќе се вози в недела со почеток во 13 часот и 10 минути.

loading...

Слични содржини