RIPTwitter е хаштаг во тренд: Дали Маск го „закопа“ Твитер? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Елон Маск го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари, „морето“ е сè само не мирно.

Силни промени, ненадејни одлуки, контроверзни најави, најавени и реализирани отпуштања, а потоа и самоволно заминување на луѓе од врвот на компанијата – како „шлаг на тортата“.

Досега Маск многу пати се огласуваше на оваа социјална мрежа, и ги „рушеше“ акциите на сопствените компании, како што е Tesla, но сега – изгледа – се надмина себеси.

Имено, хаштагот „RIPTwitter“ е во тренд овие денови, а многу корисници на страницата се обидуваат да ги преземат своите податоци. Тие исто така споделуваат опции за алтернативни места, како што е Мастодон.

Со други зборови, Твитер е „преплавен“ со луѓе кои се збогуваат од него.

Новиот шеф на платформата, Елон Маск, кој никогаш не „игнорира“ тренд, твитна меме од надгробна плоча со логото на Твитер на него.

Според ова, може да се каже дека Маск го „закопа“ Твитер, без оглед на тоа каква е позадината на приказната: дали сака да им парира на сите што ја напуштаат мрежата или навистина има идеја да ја уништи компанијата.

Слични содржини