Риши Сунак денеска официјално станува премиер на Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот лидер на Конзервативната партија, Риши Сунак, денеска ќе стане британски премиер.

Владата го објави денешниот распоред, според кој премиерката во заминување Лиз Трас ќе има последен настап со својот кабинет во 09:00 часот по локално време, по што треба да одржи говор пред Даунинг стрит 10, јави Би-Би-Си.

Сунак (42) ќе биде првиот британски премиер со азиско потекло и најмладиот премиер во повеќе од 200 години.

Слични содржини