Ристевски: Во државата има пари за матичарите

од Nikola Popovski

Марјан Ристевски, претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) вечерва изјави дека е изненаден од односот на Министерството за финансии околу барањето за поголеми плати на вработените во Управата за матички книги.

-Има пари во државата, сигурно има. Кризата само ја чувствуваат работнитие, газдите профитираат. Цело време следиме дека мерките на Владата не се баш најдобри. Сметам дека оваа криза за нив е добредојдена. Тврдам дека има пари. Се сеќавате на времето Тупурковски кога зборуваше за милијарда со тркалото кога вртеше, тогаш ги доби симпатиите на сите во државата. Околу 500 вработени има во Управата и оваа категорија луѓе со години е заборавена. Мора да се реши нивниот проблем, рече Ристевски во емисијата „24 анализа“.

Ристевски додава дека колективниот договор е доставен пред две недели и се уште нема одговор од ресорот финансии.

-Работникот нема друга алатка за да го крене гласот, освен ако не направи штрајк. Вработените цврсто се решени. Ова не е вака случајно дојдено, појасни претседателот на КСОМ.

Слични содржини