Ристовски: Имаме негативна кампања, ДПМНЕ не ни дозволи да одржиме митинг во Ченто

од Aleksandar Petrovski

Љупчо Ристовски од Интегра во гостувањето на ТВ 24 истакна дека нивната партија сака да го сруши црно-белиот свет на СДСМ и ДПМНЕ кој владее во минатите 30 години.

„Интегра излегува на овие избори со вистината, тоа што досега сме го немале, 30 години имаме лага на политичката сцена, фатаморгана и имаме една изгубена генерација. македонија треба да ја извлечеме од хибриден режим и да ја вратиме во полна демократија. Имаме високи цели како партија, сакаме да го турнеме овој црно-бел свет на СДСМ и ДПМНЕ во овие 30 години. Имаме негативна кампања, синоќа во Ченто не ни беше дозволено да одржиме митинг и да го претставиме нашиот кандидат. Дојдоа 30 луѓе од ДПМНЕ и ни забранија да одржиме митинг. Здивени се ботовите на ДПМНЕ, ќе поднесеме кривична пријава против техничкиот министер Наќе Чулев и лидерот на опозицијата Мицкоски. Ќе се бориме на секој начин да си го кажеме своето, на митинзи и на медиуми, рече Ристовски.

Слични содржини