Ристовски: Можеше да има и помалку смртни случаи, ако владата реагираше помудро

од Vladimir Zorba

Претседателот на „Интегра“, Љупчо Ристовски во вечерашното издание на „Само вистина“ на „Канал 5“ ТВ изјави дека како партија ги дале своите предлози до владата во однос на справувањето со коронавирусот и дека дел од тие препораки биле прифатени а дел – не.

Тој вели дека стратегијата преку алгоритам да се одредува кој треба да се тестира за коронавирус е станата „банална“.

– Бројките ја демантираат исправноста на една таква стратегија. Ние баравме помасовен опфат на тестирање, помасовнаупотреба на заштитните маски. Има многу иновативни решенија, Тајван пример многу брзопотезно ја реши кризата и имаше најмала стапка на смртност. За разлика од многу други држави во регионот, Македонија има многу повисока стапка на смртност во однос на бројот на заболени и бројот на населението. Можело да биде многу подобро, можело да има и помалку смртни случаи, ако владата реагирала поревносно и помудро во даденава ситуација но и похрабро, поумшено во целата ситуација, вели Ристовски.

Слични содржини