Ристовски: Жалиме што повторно загубивме на наши грешки

од Берта Китинска

Жалиме што повторно загубивме на наши грешки, исто како и на дуелот во Скопје, вели напаѓачот Милан Ристовски.

-Некои грешки се повторија, а имаше и неочекуван пад на концентрацијата. Заслуживме повеќе од овој натпревар, имаме квалитет, но сега не ни останува ништо друго освен да се одмориме добро, да ги анализираме грешкитее и да пробаме да ги поправиме на последниот натпревар во Скопје. Фаворит во фудбалот не постои. Сигурно дека ќе има психолошки пад во нашата енергија, но се надевам дека ќе го пребродиме тоа и ќе извојуваме победа над Бугарија, вели Ристовски.

Фудбалската репрезентација на Македонија со поразот од Грузија од 2:0 во петтото коло во Лигата на нации ги загуби шансите за првото место во групата 4 во дивизијата Ц.Во последното коло во Лигата на нации, Македонија в понеделник на Националната Арена „Тодор Проески“ ја пречекува Бугарија.

Слични содржини