Рита Ора ги прекршила Ковид-мерките: „Ми понуди 5.000 фунти за да ќутам!“

од Nikola Popovski

Популарната косовска пејачка Рита Ора предизвикала невиден скандал минатиот ноември кога организирала прослава по повод нејзиниот 30-ти роденден во луксузниот ресторан Каза Круз во Нотинг Хил во Лондон. Британската јавност била вчудоневидена – додека „обичните“ луѓе беа во локдаун поради пандемијата на коронавирусите, музичарката се забавувала со друштвото и го кршела законот.

Полицијата извршила рација во ресторанот, кој требало да биде затворен, а пронашла околу 30 лица.

Откако се соочи со бројни критики и осуди на социјалните мрежи, засрамената Рита објави јавно извинување на Инстаграм: „Погрешно проценив дека излегуваме од карантин, одлуката за забава беше избрзана и неизмерно ми е жал што ги прекршив правилата. Со оглед на ограничувањата, разбирам колку беа неодговорни овие постапки и јас преземам целосна одговорност за нив“.

Но, се чини дека нејзиното извинување не изгледало искрено. Според „Мирор“, Скоти Батараи, менаџер на ресторанот во кој славната пејачка го прославила својот роденден, на полицијата и рекол дека тимот на Рита му понудил 5000 фунти за да ги прекрши ковид-правилата и да организира нелегална забава, но во тоа време не му била извршена никаква уплата.

– Првичниот план беше само седум лица да дојдат во барот, но до 21 часот, се појавија околу 20 од нив – откри Батараи.

Според полицискиот извештај, обезбедувањето на Ора не сакало да се снимаат гостите на забавата, па менаџерот на ресторанот ги исклучил безбедносните камери помеѓу 18 и 18.30 часот. Во меѓувреме, Скоти Батараи е отпуштен, а пејачката сè уште нема коментар за новите детали од случајот.

Слични содржини