Ризаов: Блокадите на сообраќајниците се претворија во терор со тешки последици кои го надминуваат правото на протест

од Vladimir Zorba

Илјадниците граѓани заглавени со денови во јавниот сообраќај во главниот град повеќе не ги интересира кој е виновен за ограничување на нивното слободно движење. Тие бараат заштита од државата на основното човеково право. Блокадите на сообраќајниците се претворија во терор со тешки социјални, економски, безбедносни, здравствени и многу други последици кои го надминуваат правото на протест. Ова веќе не е сообраќаен хаос, туку анархија, пишува Ерол Ризаов во својата колумна за ДВ.

Надлежните институции на системот се должни во најкраток рок да ги преземат сите законски мерки и да го ослободат Скопје и неговите жители од обрачот на самоволие и окупација на главните сообраќајници. Надлежни инститиуции се владата, општинските раководства, обвинителствата, судовите и сообраќајната полиција. Велам анархија затоа што блокадите на човековите права станаа правило за посегнување по деградација на државата. За најобична судска постапка за неплатени побарувања, наместо судот, правдата ја земаат во свои раце разни здруженија и личности кои делат своја правда јавно поддржани од политички партии и центри на моќ кои со злоупотреба на правото на протест тероризираат илјадници граѓани нанесувајќи огромни штети и општо незадоволство што веројатно е и крајната цел на вистинските организатори и потикнувачи на хаосот кои редовно се иницирани и осмислени во партиските штабови.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини