Американската инвестициска фирма PIMCO верува дека ризиците од рецесија во Соединетите Американски Држави се на највисоко ниво во последните години, предупредувајќи дека инвеститорите можеби ја потценуваат решеноста на претседателот Доналд Трамп повторно да ги воведе високите царини што ги потресоа пазарите минатиот месец.
„Многу е можно да влеземе во рецесија“, рече главниот инвестициски директор Ден Иваскин во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Тој нагласи дека сè уште очекува царинските стапки да се намалат со текот на времето, додавајќи дека компанијата за управување со средства внимателно ќе следи како американската администрација ја прилагодува својата политика во согласност со движењата на пазарот и сигналите од Федералните резерви.
PIMCO малку ја зголеми својата изложеност на долгот на американската влада во последните два месеци, фокусирајќи се на краткорочни обврзници, изјави Иваскин за „ФТ“. Тој исто така додаде дека растечката нестабилност на пазарот и влошувањето на фискалната перспектива ги прават државните обврзници на другите земји попривлечен избор.
„САД нема да го изгубат статусот на резервна валута во скоро време, но тешко е да се види некаков значаен напредок кога станува збор за буџетскиот дефицит“, предупредува Иваскин.