„Ризикот од тромбоза е многу мал“: САД продолжува да вакцинира со Џонсон и Џонсон

од Nikola Popovski

Здравствените власти на САД одобрија продолжување на имунизацијата со вакцината Џонсон и Џонсон, која беше суспендирама во таа земја на 13 април, со цел да се испитаат неколку случаи на тромбоза.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) синоќа објавија дека употребата на вакцината Џонсон и Џонсон треба да продолжи во САД, проценувајќи дека придобивките ги надминуваат ризиците кај луѓето на возраст од 18 години и постари.

Американската лабораторија одлучи да направи пауза во примената додека се испитаат неколку случаи на развој на сериозни згрутчување на крвта кај жените, откако ја примиле вакцината.

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и ЦДЦ се уверени дека вакцината е безбедна и ефикасна во спречувањето на Ковид-19, соопштија двете агенции.

„Засега достапните податоци покажуваат дека ризикот од тромбоза е „многу мал“, велат двете агенции, додавајќи дека ќе продолжат внимателно да го следат и испитуваат ризикот.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Администрацијата за храна и лекови (ФДА) соопштија во заедничката изјава дека здравствените системи и граѓаните ќе бидат предупредени на ризик од потенцијален фатален синдром поврзан со мал број на тромбоцити.

„Повеќе не препорачуваме прекин на употребата на таа вакцина“, рекла директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски на прес-конференција, додавајќи дека вакцината може да продолжи да се користи веднаш.

Слични содржини