РКЕ до ВМРО-ДПМНЕ: Вашата навредлива реторика е одраз на недостаток на аргументи и знаење

од Nikola Popovski

„Регулаторната комисија за енергетика е обврзана да ја усогласи одлуката со изгласаните законски измени во Собранието, во кое дел се и пратеници од ВМРО – ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на Комисијата, откако од опозицијата ја обвинија дека носи шверцерска одлука бензините да поскапат за 3 денари.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира ВМРО ДПМНЕ дека изврши усогласување на Одлуката од 5.04.2021 година (со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ) со измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието, во чиј состав се и пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Реториката на навреди која ја практикува ВМРО ДПМНЕ кон РКЕ е одраз на недостаток на аргументи, политичка тежина и знаење.

РКЕ не носи закони, само ги спроведува соодветните законски решенија, се наведува во реакцијата“, стои во соопштението на РКЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, РКЕ е партиска испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час.

„Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила. РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани“, се вели уште во партиското соопштение.

Слични содржини