РКЕ ќе објави предлог како да им се помогне на компаниите кои имаат потешкотии во набавка на струја

од Берта Китинска

Следната недела РКЕ ќе објави предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија, информираше денекса првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

– РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор.Намалувањето на ДДВ-то, проширувањето на листата на ранливи категории се дел од иницијативите кои се реализраа со цел заштита на домаќинставата и да им се помогне на оние кои што најмногу им е потребно. Со последната одлука ги тргнавме повластените производители на обновливи извори на енергија да не бидат на товар на домаќинставата во сметките и загарантиравме целосна енергија само од ЕСМ од 41 цена од евро за мегават час, додека на слободниот пазар е во просек 250 евра. Паралелно токму овие повластени производители ги ставивме на слободниот пазарот и ослободивме околу 237 гигават часови електрична енергија кон стопанството со што се направи заштеда oд околу 36 милиони евра, рече Бислимоски, на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања на која втор ден се разгледува Финансискиот извештај на РКЕ за 2022 година.

Слични содржини