РКЕ за „Локално“: Бислимовски е добро, нападот е пријавен во МВР

од Vladimir Zorba

Портпаролката на РКЕ, Марина Узунов за „Локално“ го потврди инциденот во кој беше нападнат претседателот на Регулаторна и информираше дека Марко Беслимоски се чуствува добро.

„Претсдетелот е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР. Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега Рке ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постпките е врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем”, изјави портпаролката на РКЕ.

Б.М.

Слични содржини