Роберт Де Ниро одиграл најмногу лоши момци

од Stefanija Kuzmanovska

Неодамнешната анкета откри кој актер најмногу глумел негативец во филмовите, пренесува The Independent.

Веб-страницата garantorloans.com состави екипа од 500 актери, заснована врз количината на негативни ликови што ги играле, повикувајќи се на филмската платформа IMDb.

Првите десет ги предводи Роберт Де Ниро – тој има 19 вакви улоги, почнувајќи од дон Вито Корлеоне во вториот дел од кумот, за што доби Оскар, а завршува со Нил Меколи во „Хит“ (1995). Се потсетува и на неговата улога како Луис Гара во Џеки Браун на Квентин Тарантино и Џими Конвеј во „Добрите момчиња“ на Мартин Скорсезе.

Втор е Питер Стормер, кој има одиграно 17 негативци, од кои најзапаметени се неговите улоги во Фарго, „Големиот Лебовски“ и „Лоши момци 2“.

Зад него е Рон Перлман – Книгата на животот, Полициската академија, „Мажите во црно“ и повеќе.

Во првите десет се најдоа и Тим Кари, Џејмс Вудс, Вини Џонс, Гери Олдман, Кристофер Вокен, Малком Мекдауел и Семјуел Л. Џексон.

Слични содржини