Робертсон: Безбедноста на Косово е важна за НАТО, нема опасност од војна на Балканот

од Илинка Илиоска
410 прегледи

Поранешниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон смета дека безбедноста на Косово е исклучително значајна за НАТО и тоа е и причината поради која Северноатлантската алијанса одлучи да ги засили своите трупи во северно Косово по последните настани во таа област населена со мнозинско српско население.

– Безбедноста на Косово е исклучително важна и тоа е причината зошто НАТО ги засили своите трупи овде, изјави Робертсон во денешното интервју за агенцијата Косовапрес.

Лордот Робертсон, кој во време на војната во Косово и кампањата на НАТО против Србија беше министер за одбрана на Велика Британија, вели дека тоа е причината зошто безбедноста на Косово ќе биде важна и во иднина.

– Ова е причината зошто безбедноста во оваа земја ќе биде важна во иднина, но и економската безбедност ќе биде важна за новата генерација, рече поранешниот секретар на НАТО.

Што се однесува до ризикот од војна на Балканот, Робертсон вели дека не верува оти постои таков ризик, меѓутоа предупреди на активностите на Русија со цел да ја наруши безбедноста на регионот.

– Не верувам дека постои ризик од војна на Балканот, но Русија се меша во овој регион, како што тоа го прави во Украина, рече Робертсон, додавајќи дека затоа е важно Западот да се обедини за да не го дозволи триумфот на Русија во Украина, изјави Робертсон во интервјуто за КосоваПрес

Слични содржини