Робертсон: Бугарија ќе ги слушне барањата од пријатели и да ја крене блокадата за Македонија

од Берта Китинска

Поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон во обраќањето на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор упати апел до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.

-Кога Бугарија бараше членство во ЕУ и НАТО тие имаа добри пријатели во мене и во штабот на НАТО. Бугарија како сосед имаше огромна приодобивка од овој Охридски договор. Доколку конфликтот продолжеше на традиционален начин како што завршува на Балканот, Бугарија ќе ги почувствуваше тие бранови и се уште ќе ги чувствуваше до денес. Денешната ЕУ е составена од земји кои со години и векови биле непријателски настроени. Но, триумф на нашето доба е што овие непријатели денес седат заедно во оваа неверојатна унија на слободни и интегрирани земји. Македонија заслужува да биде таму и се надевам дека Бугарија ќе ги слушне едногласните барања од нивните пријатели и ќе ја крене блокадата за Македонија, апелираше Робертсон.

Слични содржини