Роби Вилијамс откри дека Камерон Дијаз е најзаслужна што се оженил

од Vladimir Zorba

Роби Вилијамс конечно зборуваше за неговиот приватен живот и откри како Камерон Дијаз е заслужна за спасување на неговата врска.

Во подкаст „Останете дома со Вилијамс“, пејачот откри дека тој и неговата сопруга Ајда Филд имаат сериозна причина да бидат благодарни на актерката Камерон Дијаз која придонела за нивно помирување, по три раскинувања.

46-годишниот пејач откри дека пред да се ожени со Ајда, го посетил Лос Анџелес во моментот на нивното трето раскинување.

– Тоа беше кога раскинавме. Разговарав со многу луѓе, вклучувајќи ги и Дру Баримор и Камерон Дијаз. Тогаш одеднаш сфатив дека цело време им кажував колку е фантастична, убава, паметна и забавна Ајда. Тогаш Камерон ми рече „Не би рекла дека е дефинитивно крај за вас“. И тоа беше моментот кога космосот ми рече „бегај дома, ожени се за неа“, објасни Вилијамс.

Роби и Ајда се венчаа во 2010 година, а заедно имаат четири деца – Теодора, Чарлтон, Колет и Бо.

Слични содржини